Достапни линкови

Миленков нов претседател на Антикорупциска


Членови на Државната комисија за спречување корупција. Антикорупциска.

Членови на Државната комисија за спречување корупција. Антикорупциска.

Горан Миленков денеска е избран за претседател на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата. Тој најави транспарентна и јавна работа на Комисијата. Воедно Миленков изјави дека е длабоко убеден оти тој и сите останати членови со своите професионални етички карактеристики, ангажмани и стручни искуства што го имаат секој зад себе, ќе ја постигне целосно целта на законот на кој почива работата на Комисијата за спречување на корупцијата.

Во врска со тоа дали Антикорупциската комисија ќе расправа за објавените наводно прислушувани телефонски разговори, Миленков изјави дека тоа не било тема на денешната седница.

XS
SM
MD
LG