Достапни линкови

Почина поранешниот чешки премиер Станислав Грос


Станислав Грос

Станислав Грос

Станислав Грос, кој стана најмладиот премиер на Чешката Република, а по девет месеци беше принуден да ја напушти функцијата почина денеска на 45 годишна возраст. Социјалдемократската партија не соопшти дополнителни детали за причината за неговата смрт. Чешките медиуми јавија дека Грос бил болен.

Тој стана премиер во јули 2004 година на 34 години и го презема лидерството на Социјалдемократската партија. Грос по девет месеци поднесе оставка поради политичката криза која беше предизвикана од скандалот со финансирањето на неговиот луксузен апартман. Тој ги негираше обвинувањата, но се повлече од политиката и продолжи да работи во правна фирма.

XS
SM
MD
LG