Достапни линкови

logo-print

Зголемување на долгот од над еден милион евра дневно


Од почетокот на годината досега владата го зголемила долгот за 116 милиони евра. Се задолжила 352 милиони евра, а вратила долг од 236 милиони евра.

Владата повеќе се задолжува отколку што се раздолжува. Од почетокот на годината досега, долгот на државата е зголемен за 116 милиони евра. За три и пол месеци, владата позајмила 352 милиони евра, а вратила стари долгови во вредност од 236 милиони евра. Најголемо задолжување е направено минатиот месец, кога владата позајмила 240 милиони евра, а вратила долгови од 178 милиони евра, односно само во март го зголемила долгот за 62 милиони евра.

Мислам дека е директна рефлексија на ситуацијата. Ние гледаме дека целиот владин тим низ цела Македонија најавува нови мерки, кои гледано од буџетски аспект, од аспект на јавни финансии, тоа се нови пари и нов одлив на средства од буџетот.

Економскиот аналитичар Биљал Касами вели дека по почетокот на објавувањето на „бомбите“ на опозицијата, владата се однесува како во вонредна состојба. Тие најавуваат нови трошења за кои нема пари, па затоа мора да се задолжуваат, вели тој.

„Мислам дека е директна рефлексија на ситуацијата. Ние гледаме дека целиот владин тим низ цела Македонија најавува нови мерки, кои гледано од буџетски аспект, од аспект на јавни финансии, тоа се нови пари и нов одлив на средства од буџетот“, вели тој.

Тоа е над 1 милиони евра ново задолжување дневно во оваа година. Па треба да сте совршено неспособен за да се задолжувате толку на еден народ од два милиони жители или се работи за спасување на лична глава по секоја цена или човечката историја памети владетели коишто велат после мене потоп.

Касами посочува дека оваа „вонредна состојба“ треба што поскоро да заврши, пред македонската економија да дојде до ситуација од која враќањето ќе биде многу тешко. Вели дека ребаланс на буџетот ќе биде неопходен, затоа што владата троши повеќе од што има.

Поранешниот министер за економија Зоран Витанов вели дека владата се води од максимата „после мене потоп“ и по секоја цена се обидува да се задржи на власт.

„Тоа е над 1 милиони евра ново задолжување дневно во оваа година. Па треба да сте совршено неспособен за да се задолжувате толку на еден народ од два милиони жители или се работи за спасување на лична глава по секоја цена или човечката историја памети владетели коишто велат после мене потоп“, вели Витанов.

Во министерството за финансии прашавме на што се должат големите задолжувања од почетокот на годинава и дали има потреба од ребаланс на буџетот, но не добивме одговор.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески минатиот месец изјави дека Задолжувањето е поголемо бидејќи банките имаат огромен интерес за купување на домашните хартии од вредност поради поволните каматни стапки.

„Постапивме онака како што се постапува и на светските пазари“, изјави тогаш Ставрески.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG