Достапни линкови

Весниците за преговорите во Брисел и новата „бомба“


Во зависност од уредувачката политика, некои весници објавуваат повеќе информации, а некои само оние најнужните во врска со „бомбите“ на СДСМ и преговорите во Брисел.

Политичката криза во земјава, овој пат втората рунда преговори помеѓу претставници на двете партии со медијаторите во Брисел и новата „бомба“ на СДСМ и на Заев доминираат во дневниот печат. Со таа разлика што, во зависност од уредувачката политика, некои весници објавуваат повеќе информации, а некои само оние најнужните.

Ништо ново од преговорите - Политичкиот дијалог кризира - Брисел импровизира.

„Долга преговарачка рунда во Брисел“, насловува Утрински со додавка во информацијата дека и високиот американски функционер за европски прашања, Хојт Ји, ќе престојува два дена во Скопје и ќе разговара со премиерот и со лидерот на СДСМ, Заев, што значи дека „Американците се вклучуваат во кризата“, како што оди со друг наслов весникот.

Слободен печат има посликовит наслов: „Американците праќаат дипломати булдожери да ја расчистат кризата“. Во врска со преговорите во Брисел, Нова Македонија пишува: „Партиски завет на молк“, поставувајќи неколку прашања - кои се принципите и за каков пакет се преговара, што нудат посредниците, каде е отчетноста пред граѓаните...

изработката и монтажата на оградата на мостот кај хотелот „Холидеј ин“ ќе однесе уште 260.000 евра за што градот Скопје склучил нов договор со изработувачот РЖ Институт.

Вечер информира дека нема „Ништо ново од преговорите - Политичкиот дијалог кризира - Брисел импровизира“, информирајќи и дека функционерот Хојт Ји ќе престојува во Скопје, исто како и петмина амбасадори на влијателни земји во постојаното собрание на ОБСЕ, меѓу кои и друг Американец, амбасадорот Даниел Баер, кои в петок ќе допатуваат во земјава.

Дневник го контактирал медијаторот Иво Вајгл, кој за весникот потврдил дека и по завршување на преговорите во Брисел нема да се откриваат детали за нив. Што се однесува до новата „бомба“, Утрински објави: „Заев: Партијата ја поклопи државата“. Нова Македонија пишува дека „Со партиски кадри се полнела администрацијата“, објавувајќи ја истовремено и реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ дека „Заев спроведува антидржавно сценарио“. Вечер, пак, ја цитира Јанкулоска: „Заев не е свесен дека е само алатка на странски служби за нарушување на мирот“.

Утрински информира дека изработката и монтажата на оградата на мостот кај хотелот „Холидеј ин“ ќе однесе уште 260.000 евра за што градот Скопје склучил нов договор со изработувачот РЖ Институт. А ММФ за годинава ни предвидува раст од 3,8 отсто, што е малку понизок од оној што го очекува Владата - 4 отсто.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG