Достапни линкови

Ахмети-Што поскоро да се надмине политичката криза


Претседателот на ДУИ Али Ахмети

Претседателот на ДУИ Али Ахмети

Претседателот на ДУИ Али Ахмети остварил средба со евроамбасадорот во Скопје Аиво Орав по која истакна дека почетокот на политичкиот дијалог во Брисел треба да се зајакне и унапреди што е можно поскоро за да се надмине политичката криза. Според соопштението на партијата тој порачал и дека Европската комисија треба директно да се вклучи со однапред одредена агенда за инволвираните страни, но и да го следи судскиот процес кој ќе обезбеди кредибилитет и доверливост на сите страни.

Според Ахмети, и Вашингтон може да има конструктивна улога во охрабрувањето на страните со цел да се надмине политичката криза. Ахмети и Орав разговарале за политичката ситуација во Македонија, политичкиот дијалог, меѓуетничките односи, како и интеграцијата на земјата во ЕУ.

XS
SM
MD
LG