Достапни линкови

Нетанјаху го спореди Иран со нацистите


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди светот да не ги затвора очите пред агресивната политика на Иран на Блискиот Исток, како што тоа го стори со нацистичка Германија. „Како што нацистите настојуваа да ја згазат цивилизацијата и да ја заменат со „ариевска раса“, како и да ги сотрат Евреите, така и Иран се стреми да ја преземе контролата врз регионот и да ја уништи еврејската држава“, изјави Нетанјаху во обраќањето по повод одбележувањето на 15 април, Денот на холокаустот. Тој е против рамковниот нуклеарен договор меѓу шесте светски сили и Иран што на 2 април беше постигнат во Швајцарија.

XS
SM
MD
LG