Достапни линкови

logo-print

Договорена трета средба меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ


Втората средба меѓу претставници на владејачката ВМРО ДПМНЕ и опозициската СДСМ, со посредство на тројца членови на Европскиот парламент, заврши вчера во Брисел, како што беше најавено, без да бидат соопштени повеќе детали за што се разговарало. Во заедничкото соопштение на европските парламентарци Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл се наведува дека била договорена повторна средба без да се прецизира кога и каде би се одржала. „Учесниците се согласија дека дискусиите ќе продолжат“, се вели во соопштението. Делегацијата на ВМРО ДПМНЕ ја сочинуваа Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски, а на СДСМ, Радмила Шеќеринска, Рената Треневска Дескоска и Виктор Габер.

XS
SM
MD
LG