Достапни линкови

Горан Хаџиќ пристигна во Србија


Поранешниот лидер на хрватските Срби Горан Хаџиќ

Поранешниот лидер на хрватските Срби Горан Хаџиќ

Поранешниот лидер на хрватските Срби Горан Хаџиќ синоќа пристигна во Србија откако Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија донесе одлука за привремено ослободување заради лекување. Нему во ноември минатата година му беше дијагностициран тумор на мозокот, а деновиве Трибуналот ја прифати неговата жалба и нареди привремено пуштање на слобода. Хаџиќ треба да биде вратен во Хаг во мај, но не се наведува точниот датум кога тоа и би се случило. 56 годишниот Хаџиќ кој беше претседател на самопрогласената Република Српска Краина од 1992 до 1994 година се соочува со 14 обвиненија за воени злосторства во Хрватска.

XS
SM
MD
LG