Достапни линкови

Иран ќе посредува за постигнување мир во Јемен


Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.

Иранските власти соопштија дека ќе го искористат своето влијание во регионот со цел да посредуваат во постигнувањето мировен договор со кој ќе се стави крај на борбите во Јемен. Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека Иран ќе ги искористи сите контакти за да ги донесе сите засегнати страни на преговарачката маса. Јеменските владини сили од минатата година се борат со шиитските бунтовници Хути за воспоставување контрола врз земјата. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија спроведува воздушни напади против бунтовниците во Јемен.

XS
SM
MD
LG