Достапни линкови

logo-print

Се зголемува бројката на жртви од пожарите во Сибир


Бројката на жртви од пожарите кои го зафатија јужниот дел на Сибир се искачи на 29 лица. Локалните власти соопштија дека 15 луѓе се уште се водат за исчезнати, а спасувачките тимови се уште се на терен. Руското министерство за вонредни ситуации претходно соопшти дека повеќе од 900 луѓе од неколку градови и села биле повредени во пожарот, кој бил предизвикан од горењето на суви лисја и брзо се раширил поради силните ветрови. Повеќе од 1500 домови биле уништени, а околу 5000 лица останале без кров над глава.

XS
SM
MD
LG