Достапни линкови

Дачиќ-Тачи нема потреба да доаѓа во посета на Србија


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека неговиот косовски колега Хашим Тачи нема потреба да доаѓа во посета на земјата. Танјуг јави дека на покана на невладината организација „Амбасадори на мирот“, Тачи треба да учествува на собир на кој се поканети министрите за надворешни работи на четири балкански земји при крајот на месецов.

Дачиќ порача дека не планира да учествува на собирот, така што не е потребно Тачи да доаѓа во Белград. Според него, за поканата на Тачи никој не се консултурал од српските власти. Дачиќ наведува дека се што навлегува во државната политика на Србија не смее да се прави без консултации со Владата.

XS
SM
MD
LG