Достапни линкови

logo-print

ЕК ќе го тужи Гугл за злоупотреба на интернет пазарот


Европската Комисија соопшти дека технолошкиот гигант Гугл ќе биде обвинет за злоупотреба на својата доминација на пазарот на интернет пребарувачи во ЕУ, што би можело компанијата да ја чини повеќе од 6 милијарди долари парична казна и ќе ја принуди да го смени начинот на кој работи. Европскиот комесар за конкурентност, Маргарет Вестагер изјави дека Гугл ги прекршил анти-монополските правила на ЕУ со тоа што го пренасочил интернет сообраќајот од неговите ривали за сопствени услуги. Обвинението првично е насочено кон интернет пребарувањата, но може да биде проширено во други области.

XS
SM
MD
LG