Достапни линкови

Еродган против резолуцијата на ЕП за геноцид врз Ерменците


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја отфрли резолуцијата која треба да биде усвоена од Европскиот Парламент и во која како геноцид ќе биде опишано убиството и депортацијата на околу милион и пол Ерменци од отоманските Турци пред еден век. Резолуцијата е поддржана од главните политички партии во Парламентот, кој се приклучува на одбележувањето на сто годишнината од настанот во знак на европска солидарност и правда. Во неа е наведено дека Анкара треба да ги отвори архивите, да се соочи со минатото и да го признае геноцидот врз Ерменците со што ќе го отвори патот на помирување меѓу народите.

XS
SM
MD
LG