Достапни линкови

Два месеци по објавувањето на „бомбите“, граѓаните како да се рамнодушни, иако полека им опаѓа прагот на толеранција и покрај обидите да се наметне ставот дека ништо не се менува.

Во последните два месеци опозицијата ги објавува т.н. бомби, односно прислушувани разговори, за кои СДСМ тврди дека покажуваат оти функционери од владеачката ВМРО-ДПМНЕ, на различни начини ја злоупотребувале власта за лични и партиски придобивки.

Тука како прво не треба да се генерализира, второ треба да почекаме да се завршат социолошките истражувања кои се почнати, па тогаш ќе можеме да дадеме една детална слика дали ние навистина до тој степен го прифаќаме патолошкото и девијантното како нормално.

Но, се добива впечаток дека во јавноста преовладуваат мислењата оти и двете најголеми партии се исти и не се разликуваат во начинот на нивното владеење и злоупотребата на државните институции. Експертите, сепак сметаат дека прагот на толеранцијата кај граѓаните попушта.

За тоа дали генералното мислење на јавноста е дека тој што е на власт може и да ја злоупотребува, социологот Татјана Стојановска Иванова од Филозофскиот факултет во Скопје, вели дека не треба да се генерализира, бидејќи не се направени значајни социолошки истражувања на таа тема. Но, вели дека се забележува толерантноста и трпеливоста кај граѓаните кои веруваат дека состојбата може да се промени.

И ако тоа веќе преминува во вообичаена работа, и кај граѓаните се создава чувство дека тоа е нормално. И тука е затајувањето на целото наше општество, не само на власта, туку и на институциите, на академијата, на цивилното општество на граѓаните, дека овие работи се прифаќаат како нормални.

„Тука како прво не треба да се генерализира, второ треба да почекаме да се завршат социолошките истражувања кои се почнати, па тогаш ќе можеме да дадеме една детална слика дали ние навистина до тој степен го прифаќаме патолошкото и девијантното како нормално“, вели професорката Стојановска Иванова, која верува дека тој праг на таа толеранција кај граѓаните полека се намалува.

Според аналитичарот Алберт Муслиу, перцепцијата дека власта може да се злоупотребува постои бидејќи во изминатите 25 години во земјава нема сериозен пристап и реперкусии на институциите кон оние кои ја злоупотребуваат.

„И ако тоа веќе преминува во вообичаена работа, и кај граѓаните се создава чувство дека тоа е нормално. И тука е затајувањето на целото наше општество, не само на власта, туку и на институциите, на академијата, на цивилното општество на граѓаните, дека овие работи се прифаќаат како нормални. “

Тој вели дека од самиот почеток на објавувањето т.н бомби дел од таа свест се менува, иако постојат тенденции да се прикаже дека ништо не се менува.

„Секако дека ситуацијата се менува, бидејќи едно е да мислите дека нешто е нормално, а друго е кога ќе слушнете како цел тој процес оди. Јас мислам дека кај дел од граѓаните секако дека се чувствува згрозеност со деталите до каде таа злоупотреба може да оди, што може да биде една од придобивките на ова низ што ние како општество сега поминуваме“, вели Муслиу.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG