Достапни линкови

Контраофанзива на ИД во ирачкиот град Рамади


Жители на ирачката покраина Анбар соопштија дека милитантите на Исламската држава започнале контраофанзива во близина на градот Рамади, при што ја преземале контролата врз три села. Според извештаите, продолжуваат борбите во источниот дел на Рамади на два километри оддалеченост од владината зграда во градот, при што ирачките сили биле поддржани и од воздушни напади.

Борбите доаѓаат по два дена откако ирачките сили започнаа операција за преземање на контрола врз територијата во североисточниот дел на Рамади од милитантите.

XS
SM
MD
LG