Достапни линкови

logo-print

Американскиот Конгрес ќе решава за договорот со Иран


Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат едногласно одобри закон со кој Конгресот ќе расправа за секаков конечен договор со Иран. До ова дојде откако демократите и републиканците постигнаа компромис околу ваквата мерка. Со законот се остава период од 30 дена во кој Конгресот ќе ги разгледа сите аспекти од договореното во врска со иранската нуклеарна програма. За тој период американскиот претседател Барак Обама не може да прекинува никакви санкции што Конгресот ги вовел против Иран. Шесте светски сили и Иран во почетокот на месецов постигнаа рамковен договор за редуцирање на иранската нуклеарна програма, а конечен треба да постигнат до крајот на јуни годинава.

XS
SM
MD
LG