Достапни линкови

Ердоган со осуда до Папата за „ерменскиот геноцид“


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати критики до Папата Франциско за тоа што масовното убиство Ерменци за време на Отоманската империја пред сто години го оцени за „геноцид“. „Го осудувам Папата и го предупредувам да не прави исти грешки и во иднина“, изјави Ердоган, додавајќи дека кога политичарите или верските лидери си играат историчари, тогаш резултатот е делириум, а не факт. Деновиве Папата за масакрот врз Ерменците во 1915 година оцени дека бил „прв геноцид во 20 век“. И за многумина историчари масовното убивање и депортирање на околу милион ипол Ерменци претставува геноцид.

XS
SM
MD
LG