Достапни линкови

logo-print

Во Брисел преговори меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ


Денеска во Брисел продолжуваат преговорите меѓу претставници на СДМС и ВМРО ДПМНЕ за решавање на политичката криза во Македонија.Посредници во дијалогот се поранешниот и новиот известувач за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит и Иво Вајгл, како и словачкиот евро пратеник Едвард Кукан. Првата средба во Брисел се одржа пред две недели. Во името на опозицијата преговараа заменик претседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска, како и Рената Десковска и Виктор Габер, додека од страната на власта на преговорите беа министрите Никола Попоски и Никола Тодоров и пратеникот Илија Димовски.

XS
SM
MD
LG