Достапни линкови

Обама ја брише Куба од списокот земји кои спонзорираат тероризам


Американскиот претседател Барак Обама ќе ја отстрани Куба од списокот земји кои спонзорираат тероризам, соопшти Белата куќа која наведува дека тој ги проследил до Конгресот неопходните извештаи за оваа негова намера. Куба е една од четирите земји кои Вашингтон ги обвинува за постојана поддршка на глобалниот тероризам. Во списокот се уште Иран, Судан и Сирија. Куба на списокот беше ставена во 1982 година поради прифаќање на баскиската сепаратистичка организација ЕТА и на колумбиското герилско движење ФАРК. Обама во декември лани објави дека Соединетите држави и Куба го завршуваат полувековното непријателство.

XS
SM
MD
LG