Достапни линкови

Нема докази за корупција во Еулекс


Специјалниот претставник за истрага на корупција во Еулекс, Жан-Пол Жаке во извештајот за шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини наведува дека резултатите од истрагата покажале оти не се најдени докази за обвиненија за корупција во мисијата на Унијата на Косово Еулекс. Во документот детално се опишува случајот на обвинителката на Еулекс, Мари Бамие, која обвини високи функционери на Еулекс дека земале поткуп и ги прикривале случаите за корупција. Жаке тврди дека не биле најдени докази за нејзините обвинувања, но констатирал повеќе пропусти во работата на европската правосудна мисија и дал препораки тие да се отстранат.

XS
SM
MD
LG