Достапни линкови

logo-print

Обама му понуди 200 милиони долари помош на Ирак


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама му понуди на Ирак 200 милиони долари хуманитарна помош за раселените лица во земјата од страна на милитантите на Исламската држава. Обама, кој се сретна со ирачкиот премиер Хаидер ал Абади во Белата куќа изјави дека низа семејства и деца патат поради активностите на групата и САД треба да им помогнат. Обама исто така го поздрави напредокот, кој ирачките сили поддржани од неговата земја го направиле во борбата против милитантите.

XS
SM
MD
LG