Достапни линкови

Ембарго на ОН за бунтовниците во Јемен


Советот за безбедност на ОН воведе ембарго за снабдување и испорака на оружје на бунтовниците познати како Хути. 14 членки на советот гласаа за, а Русија се воздржа соопштувајќи дека некои од предлагачите на резолуцијата како Јордан и земјите од Арапскиот залив не биле вклучени.

Саудиска Арабија лансираше воздушни напади против бунтовниците во соседен Јемен минатиот месец заедно со коалицијата во која најголем дел се земјите од Арапскиот залив. Бунтовниците за кои Јемен тврди дека се поддржани од Иран ја преземаа контролата врз неколку територии, вклучувајќи го и главниот град на земјата Сана.

XS
SM
MD
LG