Достапни линкови

logo-print

Еврокомесарот Хан ќе одржи средба со Лукашенко


Еврокомесарот за проширување и добрососедство Јоханес Хан.

Еврокомесарот за проширување и добрососедство Јоханес Хан.

Еврокомесарот за проширување и добрососедство Јоханес Хан ќе одржи разговори со белорускиот претседател Александар Лукашенко на 16 и 17 април за време на првата посета на блокот во последните пет години. Хан ќе се сретне и со претставници на опозицијата.

На неговата посета се гледа како на знак на подобрени односи меѓу Белорусија и ЕУ, која спроведе санкции врз земјата. ЕУ ги замрзна имотите и воведе визни ограничувања за некои белоруски државјани поврзани со Лукашенко, откако властите затворија опозициски кандидати по претседателските избори во 2010 година.

XS
SM
MD
LG