Достапни линкови

Новиот состав на Антикорупциска помина во Собранието


Пратениците денеска на 43 седница на Собранието го изгласа новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата. За членови на Антикорупциската комисија се именувани Горан Миленков, адвокат од Скопје, Игор Тантуровски, дипломиран економист д-р на економски науки од Скопје, Најдо Спасевски, адвокат од Скопје, Сузана Таскова Аџикотарева, дипломиран правник магистер по казнено право од Скопје, Жаклина Данчевска, дипломиран правник, магистер по деловно право од Прилеп.Според предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, во новиот состав на Антикорупциска се и актуелните Сеиди Халили, дипломиран економист од Тетово и Фарије Алиу, дипломиран економист доктор на економски науки од Гостивар.

XS
SM
MD
LG