Достапни линкови

Британија внимава на руските бродови во Ламанш


Британското министерство за одбрана соопшти дека ги набљудува руските воени бродови кои се наоѓаат во англискиот канал. Тие влегле во каналот на патот кон Северен Атлантик каде ќе извршат воени вежби. Според министерството, не било забележано дека бродовите извршуваат некакви вежби. Глетката на руски бродови во каналот е честа, но во моментов има зголемени тензии поради улогата на Москва во конфликтот во источна Украина и воените активности во близина на земјите членки на НАТО.

XS
SM
MD
LG