Достапни линкови

Брамерц бара итно враќање на Шешељ во Хаг


Воислав Шешељ

Воислав Шешељ

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц побара денеска итно враќање на лидерот на српските радикали Воислав Шешељ, обвинет за воени злосторства во Хрватска и Босна и Херцеговина, во притвор во Хаг. Судскиот совет, наместо да издаде налог и да ја спроведе одлуката на Советот за жалби од 30 март за враќањето на Шешељ во притвор, побарал нов извештај за неговата здравствена состојба.

Според Брамерц, нема оправдување за таквото доцнење во спроведувањето на одлуката и додаде дека во контекст на спроведување на одлуката, здравствената состојба на Шешељ е ирелевантна. Советот за жалби одлучи дека Шешељ мора да се врати во притвор поради неговата изјава дека доброволно во Хаг повеќе не се враќа, што е протолкувано како кршење на условите за привремена слобода.

XS
SM
MD
LG