Достапни линкови

logo-print

Медена ноќ на Трајков за отворање на Скопски филмски фестивал 2015


Медена ноќ, филм на Иво Трајков.

Медена ноќ, филм на Иво Трајков.

Со премиерата на филмот „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков, в петок, на 17 април, во 20 часот, во киното „Милениум“, ќе започне 18-то издание на „Скопски филмски фестивал“. На оваа интернационална манифестација, до 24 април, ќе бидат прикажани над 60 филмови од најновата светска, европска и македонската продукција.

Осумнаесеттиот „Скопски филмски фестивал“, во дослух со традицијата, ќе биде отворен со светска премиера на македонски филм. Во киното „Милениум“, овој петок, во 20 часот, ќе биде прикажан „Медена ноќ“ на Иво Трајков, филм сниман кон крајот на 2013 година и дело направено според новелата и романот „Уво“ на чешкиот писател Јан Прохаска. Романот е преработен и според него е снимен филм во 1969 година кој потем бил забранет од власта, а самото сценарио е прогласено за едно од најдобрите во историјата на чешката кинематографија.

Филмот има многу интересна содржина и следи две наративни линии. Едната е за проблемите на двојката околу која се врти целата приказна, толкувана од Верица Недевска и Никола Ристановски, а кои, патем, ќе кулминираат на 10-годишнината од нивниот брак, а втората е врзана со прославата на националниот празник во почетокот на 1990-те години кога сопругот е исправен пред искушение заради тоа што е инволвиран во политички скандал поврзан со приватизацијата на едно државно претпријатие.

„Филмот има многу интересна содржина и следи две наративни линии. Едната е за проблемите на двојката околу која се врти целата приказна, толкувана од Верица Недевска и Никола Ристановски, а кои, патем, ќе кулминираат на 10-годишнината од нивниот брак, а втората е врзана со прославата на националниот празник во почетокот на 1990-те години кога сопругот е исправен пред искушение заради тоа што е инволвиран во политички скандал поврзан со приватизацијата на едно државно претпријатие“, истакнува Сунчица Уневска, програмски селектор на Скопски филмски фестивал.

Тоа се филмови кои се многу актуелни и кои се почесто и почесто се присутни на светските фестивали. Од таму не се двоумевме многу околу одлуката некои од тие наслови да и ги претставиме и на домашната филмска публика.

На манифестацијата, до 24 април, во рамките на осумте фестивалски дена, во неколку програмски целини (главна, програми на светски, авторски, документарни, кратки и анимирани дела) ќе бидат прикажани повеќе од 60 филмови од најновата светска, европска и македонска продукција. Меѓу нив публиката ќе има можност да ги види победникот на последниот Берлински филмски фестивал, филмот „Такси“ на славниот ирански режисер Џафар Панахи, како и добитникот на Оскар за најдобар документарен филм за 2014 година, „Граѓанинот четири“. Тука се и „Забранета соба“ (2015) на режисерот Гај Мадин, за кој се вели дека претставува фасцинантен филмски експеримент, македонската актерка Наташа Петровиќ ќе ја видиме во една од улогите во премиерата на германско-австралиската копродукција „Еликсир“ во режија на Броди Хигс, а во рамките на селекцијата авторски филм ќе биде прикажан „Новата пријателка“ на миленикот на скопската фестивалска публика Франсоа Озон.

„Годинешната програма на Фестивалот, исто како и претходните, се темели на авторскиот филм. Тоа е и главниот концепт на СФФ. Сем „Такси“ на Панахи имаме уште неколку филмови од Берлин кои добија награди како „600 милји“ кој го освои признанието за дебитантски филм, тука се и двата кои таму добија награди за иновативност - „Викторија“ и „Под електричните облаци“, но и неколку извонредни наслови од Кан меѓу кои се „Тимбукту“ и „Тун“, вели Уневска.

Од друга страна, новина на годинешното издание на Скопски филмскии фестивал е програмата на хорор филмови, насловена „Повеќе од хорор“, во рамките на која за прикажување се одбрани четири исклучителни дела од светската кинематографија.

„Тоа се филмови кои се многу актуелни и кои се почесто и почесто се присутни на светските фестивали. Од таму не се двоумевме многу околу одлуката некои од тие наслови да и ги претставиме и на домашната филмска публика“, појаснува Уневска.

Кон ова само уште информацијата дека во придружната програма на СФФ ќе бидат одржани неколку работилници и мастер класи, ќе има и специјални гости, а освен во „Милениум“ проекциите ќе се одржуваат и во Кинотека на Македонија.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG