Достапни линкови

logo-print

Стечајците се надеваат, но и се сомневаат во мерките на Груевски


Во новонајавените пакет мерки на премиерот Груевски за вработување лица од над 50 годишна возраст, стечајците се препознаваат, тие се надеваат, но и се сомневаат.

Нерешениот егзистенцијален проблем, нарушеното здравје, без услови за лекување, кумановските стечајци, од две илјади членови на Здружението „УНИТ“ во изминатата деценија ипол смртноста двојно ги намалила. Останатите пак, не се предаваат и натаму остануваат на нивното единствено барање, донесување Закон за месечно обесштетување до пензионирање или ново вработување. Тоа значи, по шест илјади денари месечно, колку што им треба да ги подмируваат давачките. Би сакале и да бидат вработени, но со оглед на годините и здравствената состојба, не се надеваат дека газдите ќе ги примат.

По велигденските празници, продолжуваме со петиција и ќе продолжиме со протести пред ресорните министерства, зашто не веруваме многу во оваа уште една фора на Груевски.

Во новонајавените пакет мерки на премиерот Груевски за вработување лица од над 50 годишна возраст, стечајците се препознаваат, тие се надеваат, но и се сомневаат. Затоа Љиљана Ѓорѓиевска вели дека продолжуваат со своите активности.

​„По велигденските празници, продолжуваме со петиција и ќе продолжиме со протести пред ресорните министерства, зашто не веруваме многу во оваа уште една фора на Груевски.“

Таа раскажува дека често се случува да не можат ниту да ги погребаат починатите стечајци.

Дванаесет години сум без никакви примања, со два инфаркта и два стента. Се прашувам дали сум граѓанин од прв, втор или од трет ред. Не бараме ништо повеќе, туку помош за да можеме да ги плаќаме сметките и лековите. Кој мене ќе ме прими на работа со 62 години. Зошто никој не сака ниту да не сослуша.

„Се случува во една недела да починат тројца-четворица и не можеме да ги погребаме. Принудени сме да го молиме директорот на „Чистота“ да ни помогне, да овозможи и покрај долговите да го погребаме. Верувајте се случува да немаме ниту ковчег да му купиме.“

Стечајците пак кои од Општината добиле еднократна помош за болен член од семејство, а во меѓувреме примале социјална помош, велат дека веднаш им била укината.

„И тие две илјади денари што ги примав од социјално, ми ги укинаа. Четири месеци немам денар да однесам дома. И тоа без решение зошто е тоа направено. На што личи тоа!“, раскажува стечаец и додава дека деценија ипол не знае како да го прехрани семејството во кое има болна жена и дете.

Стечаец кој работел во кумановската „Кожара“ вели дека со обезбедување биле избркани од фабриката.

„Од ништо не живеам, а две години имам до пензија“

Стечаецот Славчо Петковиќ за себе додава:

„Дванаесет години сум без никакви примања, со два инфаркта и два стента. Се прашувам дали сум граѓанин од прв, втор или од трет ред. Не бараме ништо повеќе, туку помош за да можеме да ги плаќаме сметките и лековите. Кој мене ќе ме прими на работа со 62 години. Зошто никој не сака ниту да не сослуша.“

И Владимир Ивановски кој 40 години работел во ГП „Маврово“ во Скопје, додава дека за десет години не му е платен стажот.

„Од 2009-та година сум во стечај. Година дена земав по три илјади и 200 денари. Син ми е на факултет. Вистина сме загрозени. Манипулациите што прави Грујо, или Заев,нас тоа не не интересира. Да ни се овозможи барем да можеме да плаќаме струја,вода, лекови. Сите сме беда.“

На стечајците во Куманово им се приклучиле и од стечајните фирми „Житомел“ и Тутунски комбинат. И како што велат, тоа се главно средовечни луѓе, кои за пензија немаат услови, а за работа пак се стари и болни. А празниците доаѓаат и поминуваат покрај нив. Така со години.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG