Достапни линкови

Со образование и воспитание против радикализам


Илустрација.
Илустрација.

На децата уште од најрана возраст, и во рамките на образовниот процес, но и надвор од него треба да им се укаже на последиците од заминување во странски војни, велат упатените.

Неопходна е поголема едукација на младите со цел да им се укаже на опасноста од заминувањето во кризни подрачја како што се Ирак или Сирија и учество во странски војни, сметаат претставници на невладиниот сектор во Македонија и професори. Според нив, на децата уште од најрана возраст, и во рамките на образовниот процес, но и надвор од него треба да им се укаже на последиците од евентуалните такви активности.

Образованието може и треба да направи такво нешто, но тоа не може да се реши само со вметнување на компоненти во образовниот процес. Мислам дека државата треба на друг начин да се грижи за категоријата на луѓето кои ја губат надежта во политиката, институциите, бидејќи при такво чуство на губење надеж тие бараат други решенија.
Сулејман Рушити, поранешен министер за образование.

„Образованието може и треба да направи такво нешто, но тоа не може да се реши само со вметнување на компоненти во образовниот процес. Мислам дека државата треба на друг начин да се грижи за категоријата на луѓето кои ја губат надежта во политиката, институциите, бидејќи при такво чуство на губење надеж тие бараат други решенија“, вели Сулејман Рушити, поранешен министер за образование.

За Славица Јовческа, координатор за младинска програма во Здружението за развој и активизам АКВА од Струга, станува збор за чувствителна тема. Тие веќе неколку години работат на програми во кои се вклучени млади од сите националности кои живеат во градот.

Треба да се обрне големо внимание и на учениците, но и на нивните родители кои исто така треба да преземат некои мерки кога се наоѓаат во таква ситуација и како да им помогнат на своите деца.
Славица Јовческа, координатор за младинска програма во Здружението за развој и активизам АКВА од Струга.

„Ова е многу чувствителна проблематика и би требало сигурно многу време да се прилагоди на нашиот образовен систем. Треба да се обрне големо внимание и на учениците, но и на нивните родители кои исто така треба да преземат некои мерки кога се наоѓаат во таква ситуација и како да им помогнат на своите деца. Би ги испитале причините поради кои се оди и би помогнале преку предавања и обуки околу тие работи“, вели Јовческа.

Таа вели дека тие работат со младите на нивниот развој, но и на на нивните лични вештини и подобро барање на работа.

Милован Србиноски, психолог во Основното училиште Климент Охридски во Охрид, смета дека идеален период за едукација е на крајот од основното или почетокот на средното образование.

„Ние имаме простор за таква едукација и мислам дека тоа треба да се прави во средните училишта. Тогаш учениците се повозрасни и на таа возраст најчесто се врши такво влијание. На пример за време на одделенските часови постои слобода кај наставниците да се воведат содржини во врска со такво тргнување во борба во други држави. Може за тоа да се зборува и по предметот граѓанско образование. Во основните училишта имаме предмети како што се етика и етика на религии, што значи дека постои простор за воведување на такви содржини“, рече Србиноски.

XS
SM
MD
LG