Достапни линкови

МВР-Откриени 15 мигранти од Сирија


МВР денеска ќе поднесе кривична пријава против едно лице од Скопје, кое е осомничено за криумчарење мигранти. Осомничениот се обидел со шлепер да прокриумчари група мигранти, кои од Грција преку Македонија, требало да стигнат до Србија, па до некоја од западноевропските земји. Пронајдени и фатени се 15 мигранти од Сирија, од кои 11 возрасни и четири деца. За време на контролата над возилото, некои од мигрантите успеале да избегаат, а од МВР преземаат мерки за нивно пронаоѓање.

XS
SM
MD
LG