Достапни линкови

Средношколците меѓу бојкотот и притисоците


Протестен марш на средношколци - 19, март, 2015.

Протестен марш на средношколци - 19, март, 2015.

Од Средношколскиот пленум велат дека бојкотот се спроведува во повеќе градови низ Македонија и истакнуваат дека и натаму учениците се соочуваат со притисоци од директорите и дел од професорите.

Средношколците, како што велат од Пленумот, и денеска ја бојкотираат настава во дел од училишта низ земјава. Во скопските гимназии Јосип Броз Тито, Никола Карев, Георги Димитров, Раде Јовчевски – Корчагин, техничкото Здравко Цветковски, медицинското Панче Караѓозов и економското Васил Антевски Дрен, учениците се во училиштата, но наместо настава одржуваат дебати и алтернативни активности.

Во повеќето школи во Скопје бојкотот се одвива регуларно. Притисоци имаме и тие најчесто доаѓаат од директорите и професорите. Ни велат дека ќе сме добивале кецови, неоправдани и дека нема да поминеме година и слично, што се нелегитимни и празни закани. Ние ќе продолжиме со бојкотот додека не се исполнат нашите барања и додека не се одржи средба, по што бојкотот ќе биде ставен во мирување.

Од Средношколскиот пленум велат дека бојкотот се спроведува во повеќе градови низ Македонија и истакнуваат дека и натаму учениците се соочуваат со притисоци од директорите и дел од професорите.

„Во повеќето школи во Скопје бојкотот се одвива регуларно. Притисоци имаме и тие најчесто доаѓаат од директорите и професорите. Ни велат дека ќе сме добивале кецови, неоправдани и дека нема да поминеме година и слично, што се нелегитимни и празни закани. Ние ќе продолжиме со бојкотот додека не се исполнат нашите барања и додека не се одржи средба, по што бојкотот ќе биде ставен во мирување“, вели Ѓорги Ставриќ од Средношколскиот пленум, ученик во гимназијата Јосип Броз Тито.

Во Тетово бојкотот моментално се одвива во четири училишта, но и таму учениците велат дека менаџментот на училиштата врши притисок врз нив и родителите. Во Куманово покрај бојкотот, учениците организираа и потпишување на петиција за исполнување на нивните барања. Во Средното општинско техничко училиште Ѓорѓи Наумов во Битола, учениците школскиот ден го поминуваат во училишниот двор и како што велат без притисоци, а можно е бојкот да има и во битолската Горна гимназија.

Ние како наставници од ова училиште, поголемиот дел, ги поддржуваме барањата на учениците.

„Ние како наставници од ова училиште, поголемиот дел, ги поддржуваме барањата на учениците. Јас сум и член на Наставнички пленум и ги имаме скоро истите барања, да се врати стариот концепт на матура и сосема да се укине екстерното оценување, барем во овој облик. Во таа насока ги поддржуваме средношколците, е сега дали сето тоа ќе оди преку бојкот, тие ќе одлучуваат сами и ние можеме да го почитуваме тоа што ќе го решат“, вели професор од битолското училиште Ѓорги Нумов.

Причините за бојкотот на средношколците е воведувањете на математика како задолжителен предмет, електронското тестирање на трите екстерни предмети за полагање матура и нефункционалноста на екстерното тестирање, соопштија од Средношколскиот пленум, од каде велат дека бојкотот ќе трае се додека министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми не одржи средба со нив за измените во законот за средното образование.

За притисоците врз средношколците со соопштение излезе и Хелсиншкиот комитет за човекови права во кое се вели дека заканите врз средношколците го загрозуваат нивното право на мирен собир. Од организацијата наведуваат дека во изминативе денови добиле голем број на барања за правна помош од страна на родители и претставници на Пленумите, со наводи на повреди на правата на младите и наставниците поради нивните активности. Од таму неведуваат дека се згрозени од притисоците како, делење исписници, потпишување на изјави со сомнителна содржина, закани со драконски парични казни и собирање на лични податоци за родителите, за кои Комитетот смета дека се Спротивни на Уставот на Република Македонија.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG