Достапни линкови

Ирак ќе бара воена помош од САД


Ирачкиот премиер Хаидар ал Абади

Ирачкиот премиер Хаидар ал Абади

Ирачкиот премиер Хаидар ал Абади се очекува да побара поголема воена поддршка од САД во борбата против милитантите на Исламската држава. Тој денеска во Вашингтон ќе оствари средба со американскиот претседател Барак Обама. Пред да замине за Белата куќа Абади изјави дека целта е да се обезбеди значително зголемување на воздушната поддршка и испораката на оружје. Посетата на Абади доаѓа по еден ден откако Пентагон соопшти дека милитантите на Исламската држава ги губат позициите, но во големи делови на Ирак, вклучувајќи го и Мосул се уште имаат контрола.

XS
SM
MD
LG