Достапни линкови

Кои се новите членови на молчаливата Антикорупциска комисија?


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Некои од новите предложени членови на Државната комисија за спречување на корупцијата се донатори на ВМРО ДПМНЕ, а некои немаат наведено искуство во таа област. Комисијата години наназад е мета на критики од стручната јавност.

Адвокати, економисти, правници, професори, ќе бидат нови антикорупционери. Од претходниот состав остануваат само економистите Сеиди Халили од Тетово и Фарије Алиу од Гостивар.

За нов антикорупционер е предложен Горан Миленков, адвокат од Скопје. Меѓу другото во својата кариера тој бил и советник во Министерството за надворешни работи. Но, во неговата биографија доставена до Собранието не се наведува дека има искуство во област од антикорупција.

Молкот и непостапувањето од страна на членовите на комисијата го доведува под прашање и постоењето на самата комисија. Тоа е недозволиво, па дури и би рекла незаконско однесување.

Игор Тантуровски, кој е доктор на економски науки од Скопје, работел како финансиски директор во болницата Свети Наум Охридски во Скопје, а извршува работи од областа на финансиите и во други здравствени институции. Тој поседува и сертификат за положен испит за јавни набавки. Името Игор Тантуровски може да се најде и како донатор на владејачката партија. Тој во 2012 дал 60 илјади денари за ВМРО-ДПМНЕ.

Најдо Спасевски работи како како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија, а претходно со години бил судски соработник во Основниот суд Скопје.

Сузана Таскова Аџикотарева, магистер по казнено право од Скопје. Таа додека студирала една година работела во земјоделска организација, а потоа волонтирала во Основниот суд Скопје 1. Потоа работела како службеник за наплата во фирма за финансиски консалтинг, потоа две години во Министерството за финансии во Управата за финансиско разузнавање, а нецела година работела и во Комисијата за верификација на факти како советник.

Жаклина Дамческа е дипломиран правник од Прилеп. Од 2013 година работи како правен советник во Државното правобранителство во Прилеп. Голем дел од досегашната кариера ја поминала работејќи како правник и менаџер на грчки фирми во Прилеп. Во биографијата навела дека има средно познавање на грчкиот и на англискиот јазик.

Државната комисија за спречување на корупцијата години наназад е мета на критики од стручната јавност. Со години буџетот на институцијата се зголемува, но предметите по кои таа постапува се намалуваат. Антикорупциската комисија не се изјасни ниту за прислушуваните разговори што ги објавува опозицијата.

Професор Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси интернешнл -Македонија, која беше прв човек на првиот состав на Државната антикорупциска, неодамна за нашето радио изјави дека е несфатливо однесувањето на Комисијата која молчи во услови кога се укажува оти има корумптивини настани.

„Молкот и непостапувањето од страна на членовите на комисијата го доведува под прашање и постоењето на самата комисија. Тоа е недозволиво, па дури и би рекла незаконско однесување“, вели Тасева.

Во новиот состав нема да членуваат актуелниот претседател на комисијата Ѓорги Сламков, Љубинка Корабоска, Мирјана Димовска, а од Антикорупциска ќе заминат и Љубинка Муратовска Маркова и Зоран Додевски.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG