Достапни линкови

Натамошно повлекување на оружјето од Украина


Натамошно повлекување на оружјето од Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

Натамошно повлекување на оружјето од Украина

Министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Русија и Украина се договорија за натамошно повлекување на оружјето од источна Украина.

Франк Валтер Штајнмаер, Лорен Фабиус, Сергеј Лавров и Павло Климкин на петчасовната средба во Берлин се согласиле во операцијата да бидат вклучени и орудија со калибар под сто милиметри, оклопни возила и тенкови.

Министерот Штајнмаер дополни дека било договорено формирање на четири групи кои ќе работат на осигурување на безбедноста, на процесот за одржување локални избори во областите под контрола на проруските бунтовници, на размена на воени затвореници и на подобрување на економската состојба во источна Украина.

Како што забележавте, тоа беше повторно многу долга, многу интензивна и на моменти многу контроверзна дискусија. Ништо не е лесно во украинската криза. Тоа не нешто ново. За време на овие разговори уште еднаш се потврдија разликите во мислењата меѓу Киев и Москва
Франк Валтер Штајнмаер, шеф на германската дипломатија.

„Како што забележавте, тоа беше повторно многу долга, многу интензивна и на моменти многу контроверзна дискусија. Ништо не е лесно во украинската криза. Тоа не е нешто ново. За време на овие разговори уште еднаш се потврдија разликите во мислењата меѓу Киев и Москва“, изјави министерот Штајнмаер, додавајќи:

„Ќе направиме се за да продолжи процесот за смирување на ситуацијата“.

Во конфликтот меѓу сепаратистите поддржани од Русија и владините сили досега загинале над шест илјади луѓе.

Примирјето кое беше постигнато со посредство на лидерите на Франција и на Германија Франсоа Оланд и Ангела Меркел во белорускиот главен град Минск во февруари годинава, според извештаите, постојано било нарушувано.

Министрите во Берлин се договорија во следните недели финансиски и со персонал да ја поддржат мисијата на ОБСЕ која го надгледува спроведувањето на примирјето.

„Доколку овој процес биде прекинат тогаш постои опасност договорот од Минск да не успее, а токму тоа сакаат да го избегнат засегнатите страни“, изјави шефот на германската дипломатија, кој ја изрази загриженоста од можното интензивирање на инцидентите како што впрочем било забележано во текот на изминатиот викенд.

Имено, според извештаите, било употребно тешко оружје, меѓу другото, во околината на градот Мариупол и во близина на аеродромот во Доњецк, при што едно лице загинало е шестмина други биле ранети.

„Бунтовниците постојано стрелаат врз украинските позиции и тоа со оружје кое е забрането со Минскиот договор“, изјави портпаролот на украинската армија Олександар Мотузијаник.

Во меѓувреме, сепаратистите ги обвинија владините сили дека постојано со тенковски оган ги напаѓале нивните позиции. Ситуацијата во Украина е една од темите на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Г7 во германскиот град Либек.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG