Достапни линкови

logo-print

Антиисламски пртест во Дрезден


Околу 10 илјади луѓе се собрале на вчерашниот антиисламски собир во германскиот град Дрезден, а главен говорник бил холандскиот политичар Герт Вилдерс. Полицијата соопшти дека на контра митинготнаречен „Да го ослободиме Дрезден од нацисти“ учествувале околу 2 ипол илјади луѓе. Антиисламскиот собир бил во организација на групата Патриотски европејци против исламизација на Западот или Пегида која предвидуваше дека ќе дојдат над 30 илјади луѓе. Пегида има намера да учествува на изборите за градоначалник на Дрезден.

XS
SM
MD
LG