Достапни линкови

logo-print

Натамошно повлекување на оружјето од Украина


Министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Русија и Украина се договорија за натамошно повлекување на оружјето од источна Украина. Франк Валтер Штајнмаер, Лорен Фабиус, Сергеј Лавров и Павло Климкин по петчасовната средба во Берлин се согласиле во оваа операција да бидат вклучени орудија со калибар под сто милиметри, оклопни возила и тенкови. Министерот Штајнмаер дополни дека било договорено формирање на четири групи кои, меѓу другото, ќе работат врз безбедноста и врз процесот за одржување локални избори во областите под контрола на проруските бунтовници.

XS
SM
MD
LG