Достапни линкови

Продолжува бојкотот на средношколците


Средношколците во неколку градови во Македонија го продолжуваат бојкотот на наставата. Тие велат дека се разочарани од игнорантскиот однос на надлежните кои иако најавија не остварија средба со нив. Од Средношколскиот пленум велат дека празничните денови ги искористиле да се координираат интерните пленуми на деветте скопски училишта со нивните соученици од Охрид, Велес, Струмица, Куманово, Тетово. Од денеска на бојкотот се приклучува и средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов” од Битола. Според нив, екстерното тестирање и државната матура како и начинот на нивно спроведување не го еволуира на соодветен начин знаењето на учениците. Народниот правобранител Иџет Мемети деновиве побара од ресорниот министер да се сретне до претставници на Средношколскиот пленум и да ги слушне нивните барања.

XS
SM
MD
LG