Достапни линкови

logo-print

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ на втора средба во Брисел


Преговарачките тимови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ в среда во Брисел ќе ја одржат втората рунда разговори за изнаоѓање начин за излез од политичката криза во Македонија, дознава Телма. Разговорите се со посредство на европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит.

По завршувањето на првата рунда разговори при крајот на март немаше изјави и единствено беше соопштено дека партиите имаат расположение повторно да се сретнат. Во разговорите претставници на владејачката партија се Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски, а на СДСМ Радмила Шекеринска, Рената Дескоска и Виктор Габер.

XS
SM
MD
LG