Достапни линкови

Таџикистан-Невладините организации закана по безбедноста


Претседателот на таџикистанскиот државен комитет за безбедност, Саимумин Јатимов ги обвини невладините организации дека претставуваат закана по безбедноста на земјата. Говорејќи пред студенти на универзитет во градот Кулоб, тој порача дека некои странски земји под плаштот на невладините организации користат методи кои се против интересите на таџикистанското општество. Според него, за прв пат во земјата некои странски служби соработуваат со организираните криминални групи и им плаќаат да се борат и да ја нарушат безбедноста на луѓето и земјата. Тој не именуваше за кои земји или организации станува збор.

XS
SM
MD
LG