Достапни линкови

Талибанците убиле 18 војници во Авганистан


Авганистанските власти соопштија дека талибанците убиле најмалку 18 војници во нападите низ североисточниот дел на земјата во изминатите денови. Министерството за одбрана соопшти дека најмалку 33 војници биле убиени, мачени и повредени за време на борбите во покраината Бадакшан. Некои од нив се водат и за исчезнати, а некои од војниците биле обезглавени. Најголем дел од борбите се случија на 10 април кога талибанците извршија напади врз неколку позиции на безбедносните сили во реонот Јурм.

XS
SM
MD
LG