Достапни линкови

Во Берлин разговори за украинскиот конфликт


Во Берлин денеска ќе се одржат разговори за спроведувањето на примирјето во источна Украина. На состанокот ќе учествуваат шефовите на дипломатиите на Германија, на Франција, на Русија и на Украина. Во конфликтот досега загинаа над 6 илјади луѓе. Примирјето постигнато со посредство на лидерите на Франција и на Германија во белорускиот главен град Минск кон средината на февруари годинава многу пати беше нарушувано. Пред денешните разговори германскиот министер Франк Валтер Штајнмаер побара од Москва и Киев да почнат да ја применуваат следната фаза од договореното во Минск. Станува збор за подготовка на локални избори во областите под контрола на проруските бунтовници како и за хуманитарна помош и обнова во источна Украина.

XS
SM
MD
LG