Достапни линкови

logo-print

Русија загрижена од тесните врски на НАТО со Шведска и Финска


Руското министерство за надворешни работи соопшти дека потезите на Финска и на Шведска кон поблиски врски со НАТО претставуваат причина за сериозна загриженост. До овие коментари на Москва дојде откако министрите за одбрана на Шведска, Норвешка, Финска, Данска и Исланд во заеднички напис велат дека северна Европа мора да се подготви на евентуална криза или инциденти со Русија. Финска, која граничи со Русија, и Шведска не се членки на НАТО, но ја зацврстуваат соработката со Алијансата. Во написот министрите на петте нордиски земји оценуваат дека руските лидери покажале оти се подготвени да употребат воени средства за да постигнат политички цели.

XS
SM
MD
LG