Достапни линкови

Протест на САД за пресретнувањето нивен авион


Соединетите држави упатија протест поради пресретнувањето нивен извидувачки авион од руски борбен ловец во минатата недела. Портпаролот на Пентагон Марк Рајт изјави дека Вашингтон упатил протест до Москва преку дипломатски канали по инцидентот што се случи на 7 април над Балтичкото море. Се наведува дека тоа било небезбедно и непрофесионално однесување. Руските власти демантираат дека нивниот пилот направил нешто лошо. Ова не е прв пат што Вашингтон протестира до Москва за слични вакви блиски средби во воздухот.

XS
SM
MD
LG