Достапни линкови

Една година по изборите земјата длабоко во криза


Илустрација.

Илустрација.

Состојбата во земјата е влошена. Кризата која започна после изборите дополнително се засили со објавувањето на прислушуваните разговори.

Несогласувањата со ДУИ кои инсистираа на консензуален кандидат за претседател официјално беа причината поради која лани дојде до предвремените парламентарни избори. Една година по првиот круг по кој веќе се наѕираа резултатите, состојбата на домашната политичка сцена не изгледа исто, туку е влошена, оценуваат аналитичарите.

Политичката криза започна тогаш, сега после тоа што имаше нови моменти, нови елементи со објавувањето на аудио снимките, тоа сама едноставно ја продлабочи политичката криза и се дојде до еден момент во кој двете страни не можат да седнат на една маса да разговараат.

Премиерот Груевски лани на први март на партиската конвенција на која беше номиниран Ѓорге Иванов рече дека ВМРО-ДПМНЕ не подлегнувала на уцени и закани и дека тоа требало да им биде јасно и на ДУИ. Поради тоа постојано во кампањата тие бараа поддршка да добијат 62 пратеника за да можеле да ги реализираат реформите. Изборите речиси им ги донесоа бараните резултати, но СДСМ остана надвор од парламентот откако обвини за лажирање на изборите. Токму ваквата одлука на опозицијата, според аналитичарот Владимир Божиновски, е една од причините поради кои земјава сега е во една од најсериозните политички кризи.

Изборите биле неприфатливи за речиси цела опозиција во Македонија. Во еден таков случај беше логично да се очекува ескалација или влез во некоја посериозна политичка криза во земјата, која ќе значи голема опасност и по меѓуетничките односи и по политичките односи, што значи интеретнички конфликти и генерално претставува застој во интеграциите во ЕУ и во НАТО.

„Политичката криза започна тогаш, сега после тоа што имаше нови моменти, нови елементи со објавувањето на аудио снимките, тоа сама едноставно ја продлабочи политичката криза и се дојде до еден момент во кој двете страни не можат да седнат на една маса да разговараат“, вели Божиновски.

Според аналитичарот Џељаљ Незири, до проблемите дојде, пак, поради самите избори. Тие, вели тој, беа едни од најскандалозните одржани во демократска Македонија. Тој додава и дека уште од лани по изборите се навестило дека земјава ќе влезе во голема политичка криза.

„Изборите биле неприфатливи за речиси цела опозиција во Македонија. Во еден таков случај беше логично да се очекува ескалација или влез во некоја посериозна политичка криза во земјата, која ќе значи голема опасност и по меѓуетничките односи и по политичките односи, што значи интеретнички конфликти и генерално претставува застој во интеграциите во ЕУ и во НАТО“, вели Незири.

И додека, според него, излезот сега треба да се бара во нови избори што би ги организирала експертска или преодна влада, Божиновски смета дека нема никаква причина или аргумент кој би одел во насока дека е потребно ново изјаснување на граѓаните. Тој нема забелешки и за работата на претседателот Иванов во првата година од неговиот втор мандат.

„Со согласност со неговите ингеренции делува во надворешната политика на Македонија и во одбраната, многу малку или воопшто нема ингеренции претседателот што се однесува до внатрешната политика“, Божиновски.

Наспроти ваквиот негов став, дел од јавноста, пак, посочува на неактивноста на шефот на државата во време на двете сериозни афери „Прислушување“ и „Пуч“.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG