Достапни линкови

Ал-Каеда потврди дека двајца нејзини лидери се убиени


Гранката на Ал-Каеда во Индија потврди дека двајца од нејзините лидери биле убиени во нападите на американски дронови во Пакистан претходно годинава. Во аудио пораката објавена денеска портпаролот Осман Махмуд ги идентификуваше загинатите како Ахмед Фарук и Ќари Имран. Тој соопшти дека во нападот са дрон на 5 јануари во Северен Вазиристан загинал Имран, а Фарук загинал подоцна во друг напад со дрон. Загинувањето на двајцата лидери е тежок удар за гранката на Ал-Каеда само неколку месеци по нејзиното формирање. Лидерот на Ал-Каеда Ајман ал-Завахири го објави создавањето на гранката во Индија минатата година.


XS
SM
MD
LG