Достапни линкови

Турција незадоволна поради изјавата на папата за ерменскиот геноцид


Турското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека испратило протестно писмо до амбасадорот на Ватикан во Анкара поради изјавата на папата Франциско дека убиствата на Ерменците во Османлиската империја се „прв геноцид на 20. век“. Поглаварот на Римокатоличката црква претходно денеска на неделната миса по повод одбележувањето на 100-годишнината од ерменскиот масакр рече дека во текот на минатиот век, човечкиот род доживеал три огромни трагедии без преседан. Првата рече го погодила ерменскиот народ , а другите два ги извршиле „нацистичкиот и сталинистичкиот режим“. Голем број историчари го сметаат убиството на милиони ерменци во Османлиската империја како „прв геноцид на 20. век“, но официјална Анкара категорично ги отфрла ваквите обвинувања. Ерменскиот геноцид е признат од 20-тина земји, меѓу кои Франција, Швајцарија, Русија, Канада, но и од Европскиот парламент.

XS
SM
MD
LG