Достапни линкови

Стајнмајер: Путин нема да биде поканет на самиот на Г7


Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Стајнмајер во интервју рече дека рускиот претседател Владимир Путин нема да биде поканет на Г7 самитот на водечките индустриски нации кој ќе се одржи во Бавариа во јуни. Во интервјуто објавено денеска во магазинот Дие Велт Стајнмајер беше прашан за повиците од лидерот на германската левичарска партија да го поканат Путин на самитот за да дискутираат за меѓународните кризи. Стајнмајер рече дека не е во интерес на никого да се изолира Русија, но додаде дека по руската нелегална анексија на Крим тие не може да се однесуваат како ништо да не се случило и да продолжат вообичаено со работите. Тој рече и дека иако е посакувано Русија да се вклучи во помагањето да се разрешат кризите во Сирија, Јемен и Либија, прашањето за обновувањето на Г8 засега е затворено. Според Стајнмајер групата 8 ќе се возобнови преку почитување на единството на Украина и спроведувањето на руските обврски од договорот од Минск. Лидерите на Британија, Канада, Франција, Италија, Германија, Јапонија и САД се сретнаа минатата година без Путин исто така во знак на протест поради руските акции во Украина.

XS
SM
MD
LG