Достапни линкови

Техеран негираше дека нивни војници биле заробени во Јемен


Иран ги негираше извештаите според кои двајца ирански воени советници биле заробени од локалната милиција во јеменскиот град Аден на 10 април. Иранската новинска агенција цитирајќи неименуван извор од иранското министерство за надворешни работи јави дека извештаите не се точни и дека Иран нема воени сили во Јемен. Според претходните извештаи припадниците на милицијата лојална на јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хади соопштиле дека привеле двајца Иранци кои ги советувале шиитските Хути бунтовници. Тие биле идентификувани како полконвник и капетанод елитната единица на Иранската револуционерна гарда. Техеран негира дека им дава воена поддршка на Хути бунтовниците чиј напредок во Јемен доведе од саудиските воздушни напади.

XS
SM
MD
LG