Достапни линкови

ОН: Зголемен бројот на цивилни жртви во копнените операции во Авганистан


Мисијата за поддршка на Обединетите нации во Авганистан соопшти дека значителен број на авганистански цивили биле убиени во копнените операции во првото тромесечие на 2015 година. Во извештајот објавен денеска се наведува дека бројот на настраданите во копнените операции пораснал за осум отсто во споредба со првото тромесечие од минатата година. Но од таму додаваат дека вкупниот број на цивилни жртви е намален за два отсто. Вкупно 655 цивили биле убиени, а 1,155 повредени во првото тромесечие, додека во копнените операции меѓу владините и антивладините сили жртви биле 136 цивили, а 385 биле повредени. Шефот на мисијата на ОН Николас Хајсом побара сите страни во конфликтот да ги преземат сите неопходни мерки за да ги заштитат цивилите. Според организацијата антивладините сили се одговорни за речиси тричетвртини од вкупниот број на цивилни жртви.

XS
SM
MD
LG