Достапни линкови

Пет курдски бунтовници убиени во Турција


Пет курдски бунтовници се убиени, а четворица турски војници се повредени во судирите во источна Турција, соопштија денеска властите во Анкара. Курдските медиуми јавуваат дека во инцидентот загинал и еден цивил. До судирот дојде вчера и покрај мировните преговори меѓу турските власти и Работничката партија на Курдистан. Нејзиниот лидер Абдула Оџалан од затвор неодамна побара ставање крај на вооружена побуна на Курдите против турските сили најавувајќи почеток на новата ера на мирот. Преговорите за прекинот на курдскиот бунт почнаа пред две години, а се доведени во прашање поради ставот на турската конзервативна влада за сириската криза.

XS
SM
MD
LG